Изработуваме сѐ кога станува збор за дизајн: Дизајнирање на лого, дигитални слики за медиуми дизајн на амбалажи, дизајнирање каталози, деловни извештаи, брошури, летоци, покани и друг материјал, потоа деловна галантерија (календари, визит-карти, ценовници, менија и артикли со вашето лого, меморандуми, како и постери, транспаренти, сигнализација. Исто така, правиме графика по нарачка, ретуширање слики, отстранување на позадина од слика и многу други работи.
Времето на изработка на дизајнот, зависи од комплексноста на дизајнот што се бара, и варира од 1 ден до 5 дена, во зависност од условите.
Цената на нашите услуги зависи од комплексноста на задачата. За конкретна цена, ќе мора да нѝ доставите конкретно барање.
Комплетната работа може да се изврши без доаѓање во нашите простории. Сепак, одлуката за степенот на инволвираност, останува на клиентот и неговите потреби и можности.
Големите документи што не може да се пратат по емаил, може да ни ги пратите преку https://wetransfer.com/
Нашиот тим е меѓу другото, специјализиран и за прелом на секави книги (детски,стручни) и на весници како и за графичко уредување.
Да, нашиот дизајнерски тим може да ја подобри старата слика.
Секако. Со нашите услуги за комплетно брендирање на компании, може да помогнеме за развој на вашиот компаниски бренд.