Ние сме посветени на давање квалитетен сервис кој ќе остане во трајно сеќавање на нашите клиенти и нивните гости. Нашата мисија е да пружиме исклучително искуство од аудио, видео и амбиентално искуство за време на настаните во наша организација за нашите клиенти.

Од 2010 година кога ја формиравме нашата деловна гранка за организација на настани и рентање опрема за настани, нудиме комплетен сервис за планирање и изведба на разни видови настани.

Нудиме цел дијапазон услуги за планирање настани:

  • Избор на простор
  • Дизајн и промоција на настани
  • Кетеринг и забава
  • Транспорт

Нашиот искусен тим работи во организација на настани од секаков вид и големина:

  •  Деловни и академски конференции,
  • Концерти и фестивали,
  • Трговски и културни саеми,
  • Приватни забави и свадби

Нашиот персонал за планирање и техника интензивно работи со клиентите за да ги предвиди и разбере нивните потреби и преференци, и да ги скрои настаните според нивните желби и потреби.

Горди сме на нашиот стручен тим со огромно искуство и знаење , со страст и посветеност во пружање вонсериски сервис на нашите клиенти. Нашиот технички тим имаат големо искуство во поставување и манипулација со секаква аудио, видео, светлосна, и носечка опрема за настани од секаков вид и габарит, со цел нашите клиенти да имаат одличен и релаксирачки настан.

Нашата опрема редовно се контролира и одржува за секогаш да е во најдобра состојба.

Ги нудиме следниве видови најсовремена опрема за рентање:

  • Разгласни системи: звучници, миксети, микрофони, појачала, вуфери, монитори.
  • Светлечка опрема: сценско осветлување, подвижни светла, рефлектори, вашери, LED светла, димер-светла, итн.
  • LED екрани: за надворешна и внатрешна употреба, мобилни екрани, специјално-дизајнирани или конкавни дисплеи и екрани.
  • Носечки системи: алуминиумски, квадратни, триаголни, итн
  • Аудио-визуелна опрема: проектори, екрани, видео-ѕидови, камери, свичери, итн.
  • Сценска опрема и монтажа: сцени, платформи, скелиња, итн.

За понатамошни информации, обратете се на: jetmir@arberiadesign.com.mk или јавете се на 070/692 611